ФОТО | Погледнете – на вратата од станот на момчето монструм во Врачар се појави застрашувачка порака: “Пи*ко, те чекаме!“

Во Белград крвавиот масакр што го изврши 13-годишното момче Коста К. (13 г.) во основното учичиште во Врачар и натаму е главна тема, како и крвавиот поход на 21-годишниот Урош Б. два дена подоцна, во селата на еден час возење од главниот град на Србија, кога ладнокрвно ликвидирале осум млади луѓе.

Во зградата во Врачар каде живее семејството на Коста, станарите се уште немо ја отвораат влезната врата. Сите се шокирани и потресени од тоа што го направил нивниот малолетен сосед.

На третиот кат, каде што живее семејството на момчето убиец, српските медиуми објавија дека некој со нож или некој друг остар предмет низ целата врата од нивниот стан има издлабено заканувачка порака: „Коста, п*чко, те чекаме!!!

влезната врата од станот на Коста К.

Да потсетиме, ден по невидената трагедија пред зградата на Коста, беа забележани ученици од неколку белградски училишта кои сакаа мирно да се соберат за да укажат на системот кој, како што велат, во голема мера пропаднал во Србија.

Сакаме само да апелираме до Владата да преземе нешто околу ова“, порача групата млади луѓе.

Убиена е сестрата на нашиот добар пријател. Како и седум други невини деца и човек кој беше пример за сите. Ова не треба да остане неказнето, детето ладнокрвно влезе во училиштето и изврши масакр. Бараме да се воведе закон. Што се однесува до момчето што го направи тоа очигледно бил под влијание на општеството и не бил во здрав разум кога влегол во училиште со оружје и го направил тоа. Се надевам дека вакво нешто никогаш повеќе нема да се повтори во Србија“, изјавил 19-годишниот Александар за соседните медиуми.

Инаку, за денес е најавен протест во Белград за попладне, по повод двата крвави масакри во кои загинаа вкупно 17 лица.