ФОТО | Погледнете ја девојката која го ‘одзеде здивот’ на присутните во Кан! Смело и гордо го покажа задникот со минијатурни гаќички кои не покриваа ништо – ‘бура’ од реакции на социјалните мрежи

Фестивалот во Кан заврши во саботата вечерта, но за бројните модни и гламурозни креации, но и провокативните изданија на познатите дами долго ќе се зборува…

Една од убавиците која беше сè само не срамежлива на црвениот тепих е секако манекенката Синди Кимберли. Во текот на трите вечери се појавуваше на различни проекции, а секој пат привлекуваше внимание, не само со убавината, туку и со смелите модни избори.

Синди Кимберли
Синди Кимберли

Да потсетиме, Синди Кимберли го привлече вниманието на јавноста пред неколку години кога беше само 16-годишна тинејџерка, кога со познатиот пејач Џастин Бибер ја сподели својата фотографија на своите социјални мрежи со коментар – „О, Боже, кој е овој“ .

Вака преку ноќ се прослави оваа убавица, а денес е многу баран модел. Во Кан фотографите не ги штедеа блицовите кога таа се прошета таа по црвениот тепих, а се потруди и да ја „загрее“ атмосферата.

Така, таа за своето прво појавување на фестивалот избра многу смел, па дури и вулгарен фустан од проѕирна златна мрежа и гол грб. Под фустанот таа носеше ситни црни танга гаќички кои јасно се гледаа. Изгледот го комплетирала со скапи обетки и лакирани сандали во боја на кожа.

За традиционалната гала вечер во Кан, Синди Кимберли се одлучила за слична креација, но овој пат изборот падна на сребрена боја, а фустанот бил украсен и со бели пердуви, а одоздола повторно носела минијатурни гаќички во боја на кожа. Оваа дама е навистина „жешка“ и витка, а тоа реши да му го покаже на целиот свет.

24-годишната девојка направи исклучок само за една вечер, одлучувајќи за чиста елеганција и нежност – долг, светло розов сатенски фустан и сандали со машнички во иста боја.