ФОТО | Позната актерка завршила со скршени коски и заби за време на новогодишната ноќ: Девет лица повредени во страшна несреќа во Њујорк – нејзината мајка ги откри деталите

На профилот на социјалната мрежа Инстаграм на познатата актерка Кери Барнс од филмоите на Marvel се објавени фотографии од ужасните повреди кои ги добила таа кога автомобил удрил во камион со храна за време на новогодишната ноќ во близина на арената „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк додека таа шетала по тротоарот. Девет лица се повредени.

Актерката Кери Бернас се шетала со пријателка славејќи ја Новата година, а потоа се случила страшната ситуација. По немилиот инцидент, пријавен е инцидент со голем број жртви. Меѓу повредените има и тројца службеници на полицијата.

Актерката од филмовите на Marvel се движела по тротоарот кога автомобил удрил во камионот со храна до кој таа стоела, се онесвестила, а од силината на ударот прелетала под возилото. Таа доживеала сериозни повреди, вклучувајќи скршени коски, скршеници и скршени заби, соопшти нејзиното семејство.

Актерката Кари Барнс
Кери Бернас

Полицијата била повикана на местото на несреќата околу 01:40 часот по локално време, додека толпи луѓе заминувале од блискиот „Тајм Сквер“ откако ја дочекале 2024 година.

Возилото преминало на тротоарот и удрило во цивили и полицајци пред да застане, се вели во извештајот. Човекот кој бил зад воланот сега е во притвор во болницата „Белви“. Полицијата известила дека го бркала пред несреќата. Инцидентот започнал кога полицијата дошла да интервенира поради конфликт во кој учесникот се обидел да побегне, пренесува New York Post.

Мајката на познатата актерка ги објави деталите на Инстаграм профилот на нејзината ќерка.