ФОТО | Поранешната ѕвезда на Барселона изгледа непрепознатливо една година по пензионирањето: “Ова не може да биде вистина“ – погледнете

Во текот на кариерата настапуваше за Барселона и Атлетико Мадрид, а во дресот на турската репрезентација забележа 100 јубилејни настапи и постигна 17 голови.

Станува збор за поранешниот фудбалер Арди Туран, кој на 36-годишна возраст изгледа непрепознатливо само една година по неговото пензионирање во дресот на Галатасарај.

На фотографијата објавена на социјалните мрежи ретко кој би го препознал видно променетиот Арди Туран со побелена коса.

Ова не може да биде вистина. Изгледа како да има 45 години“, е еден од коментарите на социјалните мрежи под објавената фотографија.

Арди Туран играше во Атлетико Мадрид помеѓу 2011 и 2015 година, освојувајќи една титула во шпанската лига и еден Куп на кралот, и го загуби финалето во Лигата на шампионите, а потоа помина уште пет години во Барселона, освојувајќи една Ла Лига и два Купа на Кралот.

Последните две години од играчката кариера ги мина во Галатасарај, а од април годинава е тренер и води Ејупспор во турската втора лига.