ФОТО | Почина млада и талентирана српска актерка, неутешниот сопруг се прости од својата љубов на социјалните мрежи: “Извини Марија, не успеав на време…“
Медиумите во Србија пишуваат дека ненадејно починала младата актерка од Параќин, Марија Стеваниќ. Нејзиниот неутешен сопруг Бранислав Стојановиќ се прости од неа со објава на социјалните мрежи.
„Извини љубов, овој пат не успеав на време. Не си родена ти за овој свет. Не те ни заслужуваме“, напишал нејзиниот сопруг објавувајќи ги нивните заеднички фотографии на социјалната мрежа Фејсбук.
„Со вас ја споделувам вашата болка“, „Искрено сочувство, до вас, децата и сите што ја сакаа. Колешке, имајте вечен мир“, „Помина уште еден млад живот, млада душа. Голема тага. Искрено сочувство“, се само дел од утешните зборови што му ги испратија пријателите и следбениците во коментарите под објавата.
„Те сакав како никој досега и ќе те сакам засекогаш. Марија моја“, вели нејзиниот сопруг во друга објава на Фејсбук.
Покрај сопругот Бранислав Стојановиќ, таа зад себе оставила и две мали деца со кои живеела во Параќин.
Актерката често на социјалните мрежи споделуваше видеа на кои го покажуваше нејзиниот талент за танцување, рецитирање и глума.