ФОТО | Протекоа фотографии од внатрешноста на авионот во кој загина Евгениј Пригожин: “Се сеќавам кога пристигна понудата…“

Десет лица загинаа во средата во падот на приватен авион северно од Москва, а на списокот на патници е и водачот на групата Вагнер,Евгениј Пригожин, објави медиумската агенција ТАСС, повикувајќи се на информации Министерството за вонредни ситуации на Русија.

Авионот од типот Embraer летал од Москва за Санкт Петербург. Во него имало седум патници и тројца членови на екипажот, пренесе ТАСС.

Рускиот воен блогер Александар Коч сега објави дека тој претходно летал со приватниот авион што се урна во средата во близина на Москва, при што загинаа сите патници и членови на екипажот. Тој на социјалната мрежа Телеграм откри дека во 2021 година патувал со авион Embraer Legacy 600 поврзан со Евгениј Пригожин.

Тој и други руски новинари беа заробени во Кабул откако Талибанците се вратија на власт во АвганистанЕвгениј Пригожин тогаш понудил да го испрати својот деловен авион за да ги одведе новинарите, тврди Александар Коч, велејќи дека авионот има сериски број „RA-02795“.

Фотографиите ги објави на својот канал на социјалната мрежа Телеграм и ја покажа внатрешноста на приватниот авион и фотографии од пистата.

Кристина Распопова, 39-годишна стјуардеса и член на екипажот на авионот Embraer Legacy 600 што се урна во регионот Твер во Русија, а во кој беше и првиот човек на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин, командантот во Вагнер, Дмитриј Уткин и уште неколку членови на приватната група, му кажала на семејството неколку часа пред полетувањето, дека авионот е на „поправка“ и дека летот е одложен, пишува Daily Star. Каналот VChK-OGPU во објава на социјалната мрежа Телеграм наведува дека Кристина Распопова на своите роднини им кажала дека авионот бил „манипулиран на чуден начин“ пред неговиот последен лет и дека поправките што биле направени биле „неразбирливи“.

Да потсетиме, Кремљ во петокот негираше дека наредил убиство на лидерот на платеничката група Вагнер, за кој се верува дека загинал во падот на приватен авион во средата навечер северозападно од Москва.

Тоа е апсолутна лага, на прашањето треба да се пристапи врз основа на фактите. Во моментов сме сведоци на бројни шпекулации за таа авионска несреќа и трагичната смрт на патниците, особено на Евгениј Пригожин. Добро знаеме во која насока одат западните шпекулации“, порача портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, како одговор на инсинуациите на западните лидери дека зад тоа стои руското раководство.

Димитриј Песков кажа дека истрагата за причините за авионската несреќа е во тек. Тој потсети дека претседателот Владимир Путин во четвртокот кажал дека треба да ги чека резултатите од истрагата.

За авионската трагедија, најпрво, сакам да изразам искрено сочувство до семејствата на жртвите. Тоа е секогаш трагедија. Навистина, ако вработените во Вагнер групацијата беа таму, а првите информации покажуваат дека тие биле, би сакал да забележам дека овие луѓе дадоа значаен придонес во нашата заедничка кауза, борбата против неонацистичкиот режим во Украина, ние го паметиме тоа, го знаеме тоа и никогаш нема да го заборавиме“, порача Владимир Путин во вчерашното вонредно телевизиско обраќање до руската јавност.

За Евгениј Пригожин, Владимир Путин кажа дека „бил човек со тешка судбина“, но и „надарен бизнисмен“, додавајќи дека истрагата ќе потрае, но ќе се спроведе темелно.