ФОТО | “Срам да ви е!“ – Снаата на Новак Ѓоковиќ ‘распали’ на Инстаграм – ја навредуваа поради килограмите, а таа се бори со сериозен здравствен проблем…
Сашка Веселинов Ѓоковиќ, снаата на тенисерот Новак Ѓоковиќ, која пред два месеци со сопругот Ѓорѓе Ѓоковиќ го доби синот Александар, откри дека за два месеца успеала да ослабе 21 килограм, но поради тоа била нападната од многу луѓе на социјалните мрежи.
Сашка Веселинов Ѓоковиќ решила да им одговори на коментарите и го открила проблемот со кој се соочува.
„Ме немаше неколку дена бидејќи дознав дека имам автоимуна болест, попозната како хашимото. Станува збор за забавена работа на тироидната жлезда. Не би пишувала поопширно, ниту сум расположена за вакви теми во моментов, се трудам да го искористам најдоброто од ситуацијата! Срам да ви е“, порачала Сашка Веселинов Ѓоковиќ преку објава на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм.