ФОТО | СРЕДБА НА ТИТАНИТЕ – Новак Ѓоковиќ објави фотографија со Лионел Меси и го ‘сруши’ Интернетот: Еве што Србинот му порача на Аргентинецот

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм објави заедничка фотографија со познатиот Аргентински фудбалер Лионел Меси.

Еден од најдобрите тенисери и еден од најдобрите фудбалери на сите времиња се сретнале во луксузен ресторан во Њујорк.

Големо задоволство е што ве запознав и разговаравме. Како и секогаш, ви посакувам вам и на вашето семејство многу среќа и здравје“, напиша Новак Ѓоковиќ во описот на фотографијата која предизвика голем ентузијазам на социјалните мрежи.

Погледнете ја објавата на Новак Ѓоковиќ ОВДЕ.

За потсетување, Новак Ѓоковиќ во понеделник ја започнува својата потрага по 24. Грен Слем титула во кариерата, а противник во првото коло ќе му биде Александар Милер.