ФОТО | Српската фудбалска ѕвезда и играч на Фиорентина се прости од неговиот пријател кој настрадал во грозоморниот масакар во Младеновац

По опсежната потрага, српската полиција го уапси У.Б. (21 г.), осомничен дека во текот на претходната ноќ со огнено оружје убил осум лица, а ранил 14, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Србија. 

Српските медиуми информираат дека повредените се згрижени во болници, а властите продолжуваат со работата за расветлување на сите факти и околности за овој грозоморен настан.

Еден од убиените во овој масакр бил пријател на српскиот фудбалски репрезентативец Алекса Терзиќ, пишува весникот Blic.rs.

Почивај во мир наш добар човеку“, напишал фудбалерот на Фиорентина со две фотографии од неговиот пријател кој трагично настрадал и го загубил животот во масакарот.

масакр

Јавноста во Србија, но и регионот, утринава беше шокирана од веста дека синоќа во Младеновац се случило ново масовно убиство, само два дена по најголемата трагедија досега забележана во историјата на соседна Србија, која се случи во белградското основно училиште во Врачар, каде брутално беа убиени 8 ученици и еден чувар на училиштето од 13-годишник.