ФОТО | УЖАС! Се урна 13 катна зграда во познато медитеранско одмаралиште – се ‘скршила’ на половина, а спасувачите бараат затрупани туристи!
13-катница се урна во египетското медитеранско пристаниште Александрија, а локалните медиуми објавија дека спасувачите се обидуваат да стигнат до затрупаните луѓе.

На веб-страницата Daily News се наведува дека оваа зграда се користи за сместување на туристи во текот на летните месеци и дека се уште не се знае колку луѓе се водат за исчезнати.
Се наведува дека локалните власти не соопштуваат колку лица се повредени или евентуално загинати во несреќата.
