ФОТО | ФРАНЦИЈА Е ПРЕД ГРАЃАНСКА РЕВОЛУЦИЈА !? Хаосот продолжува да владее: Оклопни возила и 45.000 полицајци на улиците – демонстрантите бесни ги ограбуваат најлуксузните продавници!

Премиерката на Франција, Елизабет Борн, во петокот изјави дека ќе распореди оклопни возила на жандармеријата на улиците поради трите ноќи насилства во многу градови низ земјата. 

Ќе бидат распоредени дополнителни мобилни сили“, изјавиле за AFP од нејзиниот кабинет

Француската жандармерија, воена сила задолжена за спроведување на законот меѓу цивилите за разлика од полициските сили, ќе користи оклопни возила за да ги смири немирите“, изјави премиерката во петокот, по трите ноќи на насилство поради фаталното пукање и убиство на 17-годишно старо момче од полицаец во Париз односно во предградието на Нантер.

Елизабет Борн најави и откажување на големи јавни настани за кои е потребен персонал и потенцијално претставуваат ризик за јавниот ред.

Француската влада распореди 45.000 полицајци во петокот вечерта за да се справи со актуелната ситуација“, изјави министерот за внатрешни работи, Џералд Дарманин за телевизијата TF1.

слика
Немири во Франција

Владата во петокот побара од префектите, регионалните претставници на државата, да го прекинат сообраќајот на автобуси и трамвај низ целата земја од 21 часот, по три ноќи урбани немири предизвикани од смртта на тинејџер од алжирско потекло, кој беше застрелан од полицијата.

Министерот побара и забрана за продажба и транспорт на пиротехнички средства, канистри со бензин, киселини и запаливи производи и хемикалии.

Францускиот министер Оливие Клајн ги повика родителите вечерва да ги држат децата дома и додека не се смири ситуацијата.

Насилни групи луѓе синоќа беа снимени како ограбуваат продавници – насочени конкретно кон продавниците на Zara и Nike, како и луксузните излози во близина на Лувр и Жардин де Туилери. Големи групи разбојници влетале во продавници и кршеле излози.

Министерството за внатрешни работи на Франција соопшти дека околу 249 полицајци се повредени во синоќешното насилство, а францускиот претседател Емануел Макрон свика итен состанок на неговата влада по ноќното насилство и немири.

Полицаецот одговорен за смртта на 17-годишниот Нахел е приведен и обвинет за убиство, но тоа не ја смири толпата што предизвикува големи проблеми низ државата.

Десетици млади ги кршеа излозите на спортските продавници, а потоа почнаа да крадат облека и обувки“, изјавил портпаролот на полицијата.

слика
Немири во Франција

Франција во петокот соопшти дека следните часови ќе бидат одлучувачки, по три ноќи немири откако полицијата го уби 17-годишниот Нахел во западното претградие на Париз.

Немирите се проширија низ целата земја, вклучувајќи ги градовите како Марсеј, Лион, Тулуз, Стразбур, Лил и Париз, каде Нахел М., 17-годишник со алжирско и мароканско потекло, беше застрелан во предградието Нантер. Неговата смрт, фатена на камера, ги разгоре сиромашните, расно измешани заедници во градот кои долго време се жалат на полициско насилство и расизам.

Следните часови ќе бидат клучни и знам дека можам да сметам на вашите беспрекорни напори“, им напиша министерот за внатрешни работи на социјалните мрежи со порака кон пожарникарите и полицајците кои ќе се обидат да ги задржат немирите што избувнаа во текот на ноќта. Тој побара од локалните власти од 9 часот навечер да го прекинат автобускиот и трамвајскиот сообраќај низ целата држава. Владата соопшти дека ќе ги разгледа сите опции за запирање на немирите.

Од 40.000 ангажирани полицајци, повеќе од 200 се повредени, а 875 лица се уапсени во текот на ноќта во петокот, соопштија властите. Изгорени се згради и возила, а ограбени се продавници.

Додека насилството во голема мера беше ограничено на предградијата, каков било знак за ширење во центрите на најголемите француски градови би значело значителна ескалација.

слика
Немири во Франција

Ограбувачите веќе ограбиле продавници како што е продавницата на Apple во источниот град Стразбур во петокот, изјавил локален претставник. Извор за Reutres изјавил дека биле ограбени и неколку супермаркети и казино.

Откажани се две вечери на концерти на француска пејачка на „Стад де Франс“ во близина на Париз. Властите во вториот по големина град во Франција, Марсеј, ги забранија демонстрациите најавени во петокот и ги охрабрија рестораните предвреме да ги затворат своите отворени простори. Тие соопштија дека јавниот превоз ќе биде во прекин во 19 часот.

Емануел Макрон предвреме го напушти самитот на Европската унија во Брисел за да присуствува на вториот вонреден состанок на Владата за два дена. Тој побара од социјалните мрежи да ги отстранат „најчувствителните“ снимки од немирите и да ги предадат идентитетите на корисниците кои поттикнуваат насилство.

Насилството претставува најголема криза за францускиот претседател за време на неговиот мандат од протестите на „жолтите елеци“ кои започнаа во 2018 година.