Полициска фотографија од маж уапсен за кражба на автомобил предизвика неверување на Интернет, бидејќи луѓето не можат да поверуваат колку години има осомничениот.
Мурад Мансурович Курбанов е уапсен во вторникот поради кражба на изнајмено возило, бегство од полицијата и несовесно возење, пишува KUTV2News.
Полицијата ја сподели приказната на својата страница на социјалната мрежа Фејсбук, а фотографијата веднаш стана хит. Затоа што Мурад Мансурович Курбанов има само 19 години.
„Какви 19 години ? Гледам 40-годишник!“, гласи само еден од низата коментари под објавата.