ФОТО | Цела Грција ја споделува оваа трогателна илустрација во спомен на убиениот млад навивач на АЕК од хрватските хулигани: “Се плашам дека ова ќе се повтори…“

Младиот графичар Вангелис Софикитис создаде трогателна илустрација наречена „Удар во стомак“ по повод бруталното убиство на Михалис Кацурис. Во понеделникот, 29-годишникот се здоби со тешки рани во судир меѓу навивачите односно хулиганите на Динамо Загреб и навивачите на АЕК, од кои подоцна го загуби животот, пишува грчкиот веб-портал Newsbomb.

Кога се разбудив видов дека починало 29-годишно момче. Мојата прва мисла беше да направам нешто преку кое ќе можам да го изразам она што го чувствувам. Го отворив компјутерот обидувајќи се да ги префрлам мислите на илустрацијата“, изјавил Вангелис Софикитис.

Опишувајќи ја илустрацијата со двоглав орел кој лета кон небото со веќе починатиот Михалис Кацурис, тој истакнал дека тоа е приказ на дете кое го напушта стадионот на неговиот омилен клуб, АЕК, заедно со неговата љубов кон него.

Во објава на социјалната мрежа Инстаграм тој го постави прашањето „Зошто толку омраза ?“, а самата објава стана вирален хит на социјалните мрежи и многу грција ја споделија.

Погледнете ја фотографијата ОВДЕ.

Бев тажен… Сакав да напишам – ‘никогаш повеќе’, како што пишувавме пред две години за убиството на Алкис, но се плашам дека вакво нешто ќе се повтори. Ќе тагуваме уште малку и потоа ќе се повтори“, заклучил Вангелис Софикитис.