(ФОТО) Цеца сочно го бакна! Камерите успејаа да снимат – Човек познат на јавноста во прегратките на Ражнатовиќ!
Светлана Цеца Ражнатовиќ веќе извесно време е член на жирито на популарниот музички натпревар „Ѕвездите на Гранд“, а сега во рамките на нејзината документарно-играна емисија „Цеца и деца“ им дозволи на камерите на телевизија Блиц да присуствуваат на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ зад сцената.
Додека Цеца влегуваше во просторијата каде што седеа останатите членови на жирито, веднаш почнаа да се слеваат коментари за нејзиниот изглед.
– Ова е феноменално, жими мајка! Види, ако вака се појави Цеца, кој ќе ги гледа кандидатите – искоментира Ѓорѓе Давид.
Во одреден момент им се придружил и Саша Поповиќ, кој ги повикал да почнат со снимање, но како и обично се нафрлил на Вики Миљковиќ која доцнела.
– Саша, ама Вики се шминка, не можеме да почнеме – рекла Цеца.
– Вики, што правиш, ајде биди брза – упадна Саша.
– Па, таа се шминка. Не викајте по мојата кума. Боже спаси ме! Сега ќе те бакнам за да ти се смири тестостеронот за да не ја малтретираш мојата кума – рекла Цеца и го бакна Саша директно во уста!
– Еден бакнеж решава сè – се пошегува Ражнатовиќ, додека Саша отишол да го извади карминот од устата.