ФОТО | ЈЕНС СТОЛТЕНБЕРГ ВО НЕНАЈАВЕНА ПОСЕТА НА ВОЛОДИМИР ЗЕЛЕНСКИ – Украина бара повеќе оружје и членство во НАТО: “Правиме се за да го доближиме тој момент“

На состанокот со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, украинскиот претседател Володимир Зеленски побара повеќе системи за против-воздушна одбрана за да се одвратат руските напади врз енергетската инфраструктура на Украина што се очекуваат во текот на зимата.

Генералниот секретар се согласи да направи напори за да ни помогне да ги мобилизираме членките на НАТО. Мораме да ја пребродиме зимата заедно, да ја заштитиме нашата енергетска инфраструктура и животите на нашите граѓани“, порача Володимир Зеленски во Киев, на заедничката прес-конференција со Јенс Столтенберг.

Володимир Зеленски, Јенс Столтенберг
Јенс Столтенберг и Володимир Зеленски

Генералниот секретар на НАТО изјави дека украинската контраофанзива против руската Армија напредува.

Денеска вашите сили напредуваат. Ги очекуваат жестоки битки, но малку по малку напредуваат. Украинците се борат за своите семејства и својата слобода“, изјави Јенс Столтенберг, наведувајќи дека Москва се бори за своите империјалистички илузии.

На средбата се разговараше и за пристапување на Украина во НАТО.

Володимир Зеленски, Јенс Столтенберг

Володимир Зеленски оцени дека прашање на време е кога Украина ќе биде де јуре членка на НАТО.

Правиме се за да го доближиме тој момент“, кажа Володимир Зеленски иако сојузниците одбија да му дадат рок на Киев за пристап на последниот самит одржан во јули во Литванија.

Јенс Столтенберг, кој денеска пристигна во ненајавена посета на Киев, изјави дека Украина е поблиску до НАТО од кога било досега.