ФОТО | Џенифер Лопез се заигра за време на нејзината последна фотосесија во секси комбинации и покажа буквално се – за латино-дивата годините се само број!

Пејачката и актерка Џенифер Лопез (53 г.) привлече големо внимание за време на приватно снимање во елитната населба Холивуд Хилс во Лос Анџелес, Калифорнија

Латино-дивата носела неколку секси фустани на себе додека се фотографирала за нејзините ненајавени проекти.

слика
Џенифер Лопез

Прво, Џенифер Лопез носела долг зелен фустан со отворен грб со долги ракави. Тој фустан привлече најголемо внимание од сите аутфити од тоа снимање. Тесниот фустан одлично ги истакна нејзините облини, откривајќи доста од градите на Џеј-Ло на страна. Во исто време, таа ја обликувала косата права, но со многу волумен, а со фустанот облекла и црни влечки.

Во следната модна комбинација таа облекла крем-розев фустан со цветен дезен и високи потпетици со платформи од лаванда.

слика
Џенифер Лопез

Џенифер Лопез потоа носела светло жолт фустан во грчки стил со сребрени украси на вратот и половината.

Џенифер Лопез била забележана и во комбинација од кратка бела блуза која била врзана во јазол меѓу нејзините гради во комбинација со бело здолниште со асиметричен раб.

Оваа фотосесија доаѓа веднаш по веста дека Џенифер Лопез треба да го издаде својот деветти студиски албум, „This Is Me… Now“. Албумот е продолжение на албумот „This Is Me…“, кој беше посветен на Бен Афлек за време на нивната прва врска и веридба.

Пред оваа фотосесија, пејачката и актерка објави објава на социјалните мрежи Твитер и Инстаграм во која го најави својот нов албум.