ФОТО | Џесика Симпсон блесна во минијатурно бикини од брендот на нејзината колешка, а обожавателите разочарани: “Жешка си, но јас никогаш не би ја поддржала неа!“
Социјалните мрежи веќе наголемо зборуваат за неа. Џесика Симпсон блесна во својата најнова објава на социјалната мрежа Инстаграм, комбинирајќи неонски зелени бикини од популарната линија на брендот Skims на Ким Кардашијан со пар потпетици од нејзиниот бренд, а сето тоа го овековечи со секси селфи.
„Skims + Jessica Simpson Style чевли = неонска енергија“, напишала Џесика со описот на објавата.
На фотографијата, 42-годишната пејачка позира пред огледало осветлено со сијалица, носејќи флуоресцентни бикини од Skims заедно со жешки розови сандали на платформа од нејзината линија на обувки. Секако, нејзините следбеници остана „без здив“ во коментарите.
„Имаш 42 години и се уште изгледаш толку добро“, гласи еден од комплиментите под објавата.
Сепак, некои следбеници и замериле и нагласиле дека – „и покрај тоа што изгледа добро, никогаш не би поддржале никого од семејството Кардашијан“.
Имено, Џесика и Ким веројатно се блиски бидејќи нивните ќерки Норт Вест и Макс Џонсон се најдобри пријателки бидејќи играат во ист кошаркарски тим и живеат во иста населба.
На пејачката, која изгуби 50 килограми во 2019 година, не и е непознато комбинирањето на бикини со потпетици, бидејќи често споделува фотографии од нејзините омилени костими за капење во комбинација со чевли на платформа.
Како што пишува магазинот Page Six, минатото лето таа ги воодушевила обожавателите со јужен стил, односно кафено бикини со ремен и потпетици, а подоцна позирала во костим за капење на Dolce & Gabbana со сандали на високи потпетици.
Што се однесува до нејзиниот костим за капење на Skims, наскоро можеби ќе ја видиме Ким Кардашијан во некоја од потпетиците на Џесика.
Објавата можете да ја погледнете ОВДЕ.