ФОТО | Џеф Безос и неговата свршеница Лорен Санчез запловија во Јадранот со луксузната супер-јахта: Водениот ‘ѕвер’ забележан во Хрватска

Основачот на компанијата Amazon и еден од најбогатите луѓе во светот, Џеф Безос, пристигнал во Хрватска со својата свршеница Лорен Санчез.

Неговата јахта „Abeon“ е закотвена во близина на областа Шипан, а фотографии од јахтата објави хрватскиот весник Jutarnji List.

Abeon“ е јахта за придружба на супер-јахтата „Cora“ во вредност од дури 500 милиони долари, а на фотографиите може да се види дека на јахтата е и неговиот приватен хеликоптер.

слика

Џеф Безос пред Хрватска отплови за Грција и Италија, а со нив пред неколку дена беше видена и познатата актерка Деми Мур.

Инаку, јахтата „Cora“ е долга 127 метри, има потпорен брод долг 76 метри со хелиодром. Може да прими 18 гости и екипаж до 40 луѓе. Сепак, една контроверзност што ја придружува потврдува дека не се е бајка. 

Првично јахтата била изградена во Ротердам, а проблемот настанал затоа што јахтата била превисока и речиси го оштетила историскиот мост „Конингсхавен“. „Cora“ има јарболи високи до 29 метри, што го оневозможи поминувањето низ историскиот мост. Граѓаните на Ротердам биле толку бесни на неа што се заканиле дека ќе ја гаѓаат јахтата со јајца доколку го уништи мостот додека поминува.

Јахтата потоа била преместена под закрила на ноќта, а јарболите биле отстранети.

Да потсетиме, Џеф Безос неодамна ја запроси својата вереница Лорен Санчез на истата јахта. Наводно, 59-годишниот Џеф Безос, чие богатство Forbs го проценува на 144 милијарди долари, ја запросил својата долгогодишна љубов додека пловеле по Медитеранот, а запросувањето го зачинил со прстен украсен со дијамант од наводно 20 карати.