ФОТО | Џорџина Родригез се огласи по бројните шпекулации за нејзиниот однос со Кристијано Роналдо: Во доцните часови објави кратка порака со која стави крај на се
Со денови во светските магазини кружат гласини дека долгогодишната врска помеѓу Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез пропаднала.
Токму поради овие гласини се огласи и самата Џорџина, која тврди дека нема вистина во тие приказни. Поубавата страна на познатиот фудбалер испрати брутална порака до сите злобници кои шират озборувања.
Во доцните вечерни часови, Џорџина преку објава на социјалната мрежа Инстаграм го сподели следново: „Љубоморните луѓе измислуваат приказни и ги шират озборувања“.
Така таа со ова стави крај на гласините дека не е во добри односи со саканиот.
Да потсетиме, неодамна пријателката на познатата двојка Филипа Кастро демантираше дека славниот пар е во сериозна криза.
„Можам да ви потврдам од стопроцентни сигурни извори дека тие се, како и секогаш, многу среќни. Овие озборувања се измислени од луѓе кои не можат да ја поднесат неа. Тие се многу заљубени и секој ден си ја искажуваат својата љубов“. открила заедничката пријателка.
Инаку, странските медиуми со денови пишуваат дека Роналдо решил да ја напушти Џорџина бидејќи не може да го поднесе нејзиното однесување. Наводно, занесната бринета повеќе не се грижела за семејството, туку само за себе и за сопствените интереси. Се шпекулира и дека се уште се заедно само затоа што како пар станале сериозен бренд.