ФОТО (18+) | БЕНЈАМИН НЕТАНЈАХУ ОБЈАВИ ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ ОД ИЗГОРЕНИ БЕБИЊА – Премиерот на Израел тврди дека тие се жртви на Хамас

Кабинетот на премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, објави фотографии од мртвите и изгорените тела на бебиња за кои тврдат дека се жртви на Хамас.

Хамас е нехуман. Хамас е ИСИС“, се вели во објавата од кабинетот на Бенјамин Нетанјаху на социјалната мрежа Х (Твитер).

Ве предупредуваме дека фотографиите се крајно вознемирувачки. Можете да ги погледнете со кликнување ОВДЕ.

Објавени се три фотографии на кои се гледаат две бебиња чии тела се изгорени до непрепознатливост, а третото тело е обоено со крв.

Во изјавата на Бенјамин Нетанјаху се вели дека фотографиите се дел од фотографиите што Бенјамин Нетанјаху ги покажал на државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, за време на неговата посета на Тел Авив.

Да потсетиме, израелските, а потоа и светските медиуми објавија дека во Кибуц Кфар Аз биле откриени тела на цивили, меѓу кои и останки на деца и бебиња.