Министрите за одбрана на Франција, Германија, Италија и Полска на Самитот на НАТО во Вашингтон најавија развивање и производство на оружје со долг дострел.
Во соопштението од француското Министерство за одбрана се наведува дека со потпишување на писмо со намери се отвора патот за соработка насочена кон зајакнување на воените капацитети, како и на индустриската база и европската одбрана, соопшти француското Министерство за одбрана.
Во исто време, лидерите на Велика Британија, Германија, САД, Франција, Јапонија и 17 други земји усвоија пакет иницијативи насочени кон поддршка на Украина. Документот „Украински договор“ се декларира својата постојана намера и посветеност да се осигурат дека Украина може успешно да ја брани својата слобода, независност, суверенитет и територијален интегритет денес и да ги одвраќа актите на агресија во иднина“.