Францускиот напаѓач Килијан Мбапе игра одлична сезона за Реал Мадрид, а се чини дека е на пат да биде запаметен меѓу Кралевите по ретко достигнување.
Имено, Мбапе веќе има постигнато 21 гол на 31 одигран натпревар оваа сезона. Со ова тој се проби до шестото место на листата на играчи на Реал по бројот на постигнати голови во нивната дебитантска сезона кога е во прашање 21 век.
Првото место го делат Португалецот Кристијано Роналдо и Холанѓанецот Руд ван Нистелрој. Двојката постигна по 33 гола во дебитантските сезони. Роналдо тоа го направи на 35 одиграни натпревари во 2010 година, а Нистелрој на 47 натпревари во 2007 година.
На третото место е Бразилецот Роналдо, кој во 2003 година во првата сезона на „Сантијаго Бернабеу“ постигна 30 гола на 44 натпревари.

Пред Мбапе е неговиот сегашен соиграч Џуд Белингем, кој е на четвртото место бидејќи минатата сезона постигна 23 гола на 40 натпревари.
Петтото место на оваа листа го држи Велшанецот Герет Бејл, кој во својата дебитантска сезона во 2014 година постигна 22 гола.
Бидејќи сме само во јануари, сосема е извесно дека Мбапе ќе престигне многумина на оваа листа, а можеби и ќе ја заземе првата позиција.