“ФРЛАЧИТЕ БЕА НАСОЧЕНИ КОН ИЗРАЕЛ!“ – Застрашувачко откритие на либанската Армија на југот на земјата

Либанската Армија тврди дека утринава започнала воена операција во јужен Либан, која резултирала со откривање на повеќе од 20 ракетни лансери на групата Хезболах во близина на градовите Калила и Ал Шаијат. 

Фрлачите, според информациите, биле насочени кон северот на Израел. Тимовите на Армијата се распоредени за да го оневозможат и отстранат фрлачот, а OSINTdefender – профил кој собира податоци од отворени фронтови веста ја објави на социјалната мрежа Х (Твитер).