Хамас бара Израел да ги ослободи активистите од бродот „Мадлин“: Вие сте одговорни за нивната безбедност
Откако израелските сили ја презедоа командата врз хуманитарниот брод „Мадлин“, се огласи Хамас.
Бродот „Мадлин“ и 12 членови на екипажот, вклучувајќи ја и Грета Тунберг, транспортираа хуманитарна помош за населението на Појасот Газа.
Хамас изјави дека пресретнувањето на бродот „Мадлин“ е „флагрантно кршење на меѓународното право“.
Хамас во соопштението наведува дека бара ослободување на активистите. Исто така, нагласи дека Израел е „целосно одговорен за нивната безбедност“.
Тие ги повикаа Обединетите нации и другите меѓународни организации „да го осудат ова злосторство и да преземат итни мерки за прекин на опсадата врз народот во Појасот Газа“.