ХАМАС ГИ ДРОГИРАЛ ЗАЛОЖНИЦИТЕ !? Израел жестоко ги обвини милитантите: “Сакаа да изгледаат мирни и среќни…“
Израел тврди дека Хамас ги дрогирал заложниците пред нивното ослободување за да изгледаат смирени и среќни.
Официјален претставник на Министерството за здравство на Израел изјави пред здравствениот комитет дека на заложниците ослободени од заробеништво на Хамас им биле дадени средства за смирување пред да бидат предадени на Црвениот крст за трансфер во Израел.
„Целта на дрогирањето беше заложниците да изгледаат смирени и среќни откако претрпеле физичко малтретирање и психички терор повеќе од 50 дена“, пишува Тimes of Israel.
Д-р. Хагар Мизрахи, раководител на медицинскиот оддел во Министерството за здравство, конкретно укажува на лекот клоназепам. Лекот, кој во зависност од пазарот се продава и под името клонопин или ривотрил, се користи за спречување и лекување на анксиозни нарушувања, напади, биполарна манија, агитација поврзана со психоза, опсесивно-компулсивно нарушување…
Претставникот на министерството, сепак, не прецизираше дали наводното дрогирање било потврдено со тестови на крвта на ослободените заложници во израелските болници или со сведочењето на ослободените заложници.
Семејствата на заложниците, кои претходно се обратија до комитетот, први го покренаа прашањето за наводното дрогирање на приведените.
Џонатан Машрики, пратеник од православната партија Шас, го повикува Министерството за здравство да испрати официјален извештај за наводното дрогирање на заложниците со детали и докази до здравствените организации ширум светот.