ХАМАС НАЈАВИ ЕКЗЕКУЦИИ НА ЦИВИЛИ ВО ЖИВО НА ИНТЕРНЕТ – ЕУ со итно предупредување до социјалните мрежи за заштита на корисниците

Тиери Бретон, комесарот за внатрешниот пазар на Европската унија, ги предупреди социјалните мрежи да се подготват за ризикот од „екзекуции во живо“ што ги емитува палестинската екстремистичка организација Хамас.

Како дел од нашата интеракција со социјалните мрежи, конкретно побаравме од нив да се подготват за ризикот од егзекуции во живо од Хамас, ризик од кој мораме да ги заштитиме нашите граѓани. Бараме гаранции дека платформите се добро подготвени за таква можност“, порача Тиери Бретон за време на говорот во Европскиот парламент, пренесува CNN.

Портпаролот на бригадите на Хамас, Ал-Касам минатата недела изјави дека Хамас ќе започне со егзекуција на цивилни заложници и ќе ги емитува на социјалните мрежи и медиумите доколку Израел ги таргетира цивилите во Појасот Газа без предупредување.

Со егзекуција на цивилни заложници, кои ќе ги пренесеме во форма на аудио и видео снимки, ќе одговориме на секој израелски напад без предупредување врз нашите цивили во нивните домови“, изјави претставникот на Хамас, Абу Обаид.

Ова беше наведено во неговата аудио изјава емитувана во понеделникот на арапската програма.

Со посочување на одговорноста на социјалните мрежи и нивните извршни директори во управувањето со нелегалната содржина што ја дистрибуираат, испраќаме многу експлицитен сигнал: работите се сменија во Европа. Има закон што мора да се почитува“, вели Тиери Бретон и посочи дека начинот на кој социјалните мрежи одговараат на прашањата на Комисијата ќе биде вклучен во досиејата за нивната усогласеност со обврските што произлегуваат од Законот за дигитални услуги на ЕУ (ДСА).

Овој закон е донесен со цел да се создаде побезбеден дигитален простор во кој се штитат основните права на корисниците и да се воспостават еднакви услови за бизнис.