ХАМАС ОФИЦИЈАЛНО ПОТВРДИ – Еден од најпознатите водачи на групата е убиен во воздушен напад на Појасот Газа
Во израелски воздушен напад врз Појасот Газа, убиен е еден од најпознатите команданти на Хамас Ајман Нофал, потврди денес самата терористичка организација.
Ајман Нофал беше член на Генералниот воен совет и командант на бригадата Ал Касам – вооруженото крило на Хамас.
„Ајман Нофал е убиен во варварско ционистичко бомбардирање, чија цел беше кампот Буреиј во централниот дел на Појасот Газа“, соопшти денес Хамас, пренесуваат странските медиуми.