Хаос во Батинци: Водата носи сè пред себе

Неизвесна е ситуацијата во селото Батинци, во оптшина Студеничани откако вечерва Маркова Река и околните водотеци го наполнија речното корито и водата почна да се излева кон околните куќи, пишува Македонија.

Од снимките се гледа дека водата го преплавува коритотото и на неколку места истекува по улиците. На критичните точки се прават насипи, ангажирани е маханзиација од страна на општина Студеничани, информирани се ЦУК и ДЗС, но локалните власти во изјава за Телма велат дека врнежите нема да прекинат во текот на ноќта, и ги известиле и сите надлежни инистуциии дека ситуацијата може да ескалира.

Проценките се прават од минута во минута, а жителите истовремено се обидуваат да спасат што може да се спаси од своите подруми и дворови.

Неколку куќи кои се во близина на речното корито веќе се поплавени.

Дополнителен проблем за надлежните е мостот пред влезот на Драчево кој не може да го собере целиот проток на вода, бидејќи шутот и граѓата го затвора протокот на вода под мостот.