ХИЛИ И ЏАСТИН БИБЕР СЕ РАЗВОДУВААТ? Гласините ПОЧНАА од нејзиниот татко и сега ВИСТИНАТА СЕ ОТКРИВА

Двојката се венча пред шест години.

Хејли и Џастин Бибер се во брак од 2018 година, а сега се шпекулира дека решиле да се разведат.

Се започна кога нејзиниот татко Стивен Болдвин сподели објава во која ги замоли луѓето да се молат за неговата ќерка и зет. Ова збуни многумина, па почнаа да шпекулираат дека парот решил да се раздели, но во тоа нема вистина.

– Нема развод, не е вистина тоа. Тие се многу, многу среќни – изјави за „Пипл“ извор близок на парот.

Оваа изјава на изворот дојде и по објавата што ја имаше Хејли, каде што им порача на луѓето да не веруваат во секакви глупости.

– Само да знаете, тие приказни и се што се објавува се чисти гласини. Тие доаѓаат од некоја илузија на луѓе. Знам дека ти е забавно да им се придружиш, но знај дека тие гласини се секогаш лажни. Жал ми е што ве разочарувам, но тоа е така – напишала Хејли.

Како што беше напишано неодамна, покрај тоа што има свој бизнис, Хејли му се придружи на својот сопруг во неговите деловни обврски и е многу посветена на тоа.