Холивудскиот актер Гловер во Албанија

 – Познатиот американски актер Дени Гловер престојува во Албанија.

Гловер е американски актер, филмски режисер и политички активист, познат е по неговата главна улога како Роџер Мурто во серијата филмови „Смртоносно оружје“ во кој игра заедно со Мел Гибсон. Во Албанија ќе снима некои делови од серискиот филмот „Обвинителот“, кој ќе се емитува на Нетфликс, јавија локалните медиуми.

Во филмот Гловер игра американски амбасадор во Албанија. Најголем дел од снимањето ќе биде во Тирана и Булќиза.

Гловер имаше средба со градоначалникот на Тирана Ерион Велиај.

– Да се ​​биде познат е едно, но да се биде почитуван и сакан е нешто друго, а јас сум пријател на албанскиот народ. Оваа посета нема да биде моја последна овде во Албанија. Ви благодарам многу, рекол Гловер.