Хорор во Вучтри! Убил вработена во својата пекара, па си пресудил! Страшна снимка од местото на настанот (фото/видео)

Неџмије Харедини (42) е убиена синоќа во Станоц, вуштрско, а била застрелана од маж по име Арсим Мирина (58), кој потоа се самоубил.

Тој, наводно, ја следел веднаш штом заминала од работа вчера.

Според албанските медиуми тој бил сопственик на пекарата во која била вработена.

Влегла во комбе а штом се симнала тој ја усмртил во подвозник.

Потоа се самоубил.

На местото на убиството пристигнал и сопругот на убиената со која имал две деца, а сцената е повеќе од шокантна.

Наводно, причина за убиството била љубомора.

За време на убиството со неа биле и нејзината пријателка и нејзината мала ќерка, кои двете го гледале убиството. Некои очевидци велат дека пукал во двете, но дежурниот обвинител кој излегол на местото на злосторството вели дека нема докази за тие тврдења.

Неџмије има 18-годишен син и две ќерки, едната 16, а другата 12.

Од обвинителството надлежно за овој случај наведуваат дека се сослушуваат сите сведоци во овој случај.