Хорор во Германија: Маж уби медицинска сестра со самострел, сè се случило на психијатриска клиника, а се откри кој е убиецот!
Страшна драма се одвивала во мирното место Бад Цвестен во Хесен!
Жена (50) била убиена во средата попладне во клиниката Хардвалд, а неколку часа подоцна насилникот (58) бил уапсен.
„Според моменталната состојба на истрагата, сторителот влегол во болницата во Бад Цвестен околу 15.00 часот. Таму со самострел тешко повредил вработена во болницата, а таа починала и покрај итната медицинска помош на лице место“, изјави портпарол на полицијата денеска.
Според полицијата, убиецот потекнува од областа Пасау во Баварија и е поранешен пациент на клиниката.
Уапсен е на автопатот во Долна Франконија.
Клиниката каде го извршил делото е делумно затворена и откажани се сите закажани термини за неврологија и радиологија.
Оваа болница е специјализирана за психотерапија и психијатрија со фокус на траума терапија.