ХОРОР НА БРЕГОТ ВО МАЈОРКА – Пронајдени телата на поранешниот германски кошаркар и неговиот син кои исчезнаа за време на невремето: “Потрагата траеше седум дена…“
Шпанската полиција во понеделникот потврди дека на брегот на Мајорка ги пронашла телата на поранешниот германски кошаркар Јан Бокмајер (53 г.) и неговиот син (19 г.), кои исчезнаа за време на невремето.
Локалните медиуми јавуваат дека Јан Бокмајер и неговиот син испловиле рано утрото на 27. август од Менорка до Мајорка, но за време на патувањето областата била погодена од силно невреме.
Полицијата соопшти дека нивните тела биле пронајдени една недела подоцна на различни локации во близина на брегот на Мајорка и дека соработуваат со германските власти за да ги идентификуваат телата и да направат ДНК тест.
Тоа требаше да биде последното патување на Јан Бокмајер на неговиот брод бидејќи после тоа, според локалните медиуми, тој планирал да го продаде.
Поранешниот кошаркар бил искусен морнар и наводно пловел повеќе од две децении.
Играше за јуниорските тимови на Германија и за многу германски клубови.
Крајот на август и почетокот на септември беа одбележани со силно невреме во Шпанија. Најмалку осум лица загинаа во поплавите, додека двајца Аргентинци се уште се водат како исчезнати.