Храна богата со цинк за силен имунитет

Цинкот има важна улога за нашиот организам – го зајакнува имунитетот, но и помага во создавање на мирис и вкус. Спречува појава на алергии, ја намалува депресијата, има антивирусно и антибактериско дејство.

Тој е присутен во сите органи, а најмногу се содржи во еритроцитите(црвените крвни зрнца), коските, мускулите, црниот дроб и во простатата, кај мажите. Цинкот помага во производство на тестостерон.

Во комбинација со витамин Б го намалува производството на хистамин, што значи дека помага при алергии. Од цинкот зависат и некои од основните функции на телото, како што е зацелување на рани. Учествува и во разградување на алкохолот.

Минералот цинк е едниот од петте најважни минерали за човечкото тело, заедно со железо, калциум, магнезиум и калиум. Цинкот има неколку важни улоги во организмот.

За да функционира нашето тело на правилен начин, потребни му се доволни количини на цинк.

Недостатокот на цинк може да предизвика:

Акни

Респираторни проблеми

Проблеми со дигестивниот систем

Губиток на апетит

Опаѓање на косата

Споро зараснување на раните

Намирници коишто содржат цинк:

Месо

Школка

Грав, леќа, грашок

Семки

Јаткасти плодови

Млечни производи

Јајца

Зеленчук (компири, кељ)

Темно чоколадо