Делови од Хрватска беа погодени од пороен дожд што предизвика поплави, а на некои места град со големина и до пет сантиметри.
Град паѓал во близина на Карловац и Лошињ, додека големо количество дожд наврнало на Цреш, јавуваат хрватските медиуми .
Над Риека се појавија големи црни облаци, со дожд, грмотевици, молњи и силен ветер.
Петра Микуш Јурковиќ од Хидрометеоролошкиот завод изјави дека промената на времето доаѓа во два брана, од кои првиот започнува вечерва, а вториот во понеделник, 28 јули, и предупреди на можноста за поплави.
Државниот хидрометеоролошки завод издаде црвено предупредување за регионот на Загреб и Карловац за денес, а за Риека навечер.
Портокалово предупредување е издадено за остатокот од земјата.