Хрватскиот министер за одбрана имаше тешка сообраќајна несреќа – возачот со кој се судрил со автомобилот загинал

Хрватскиот министер за одбрана Марио Баножиќ утрово доживеа сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице.

Министерот се движел со своето лично возило кое се судрило со комбе, чиј возач починал, пренесува index.hr.

Несреќата се случила денеска во 06:15 часот на излезот од Винковци во правец кон Жупања.

Од Окружната општа болница Винковци потврдија дека министерот е тешко повреден, а владиниот портпарол изјави дека неговиот живот не е во животна опасност.

„Министерот има повреди на главата, но засега не ја изгубил свеста“, изјави директорот на болницата Крунослав Спочиќ.

Во меѓувреме, истрага е покрената и од заменикот на Окружното државно обвинителство во Вуковар, по што ќе се знаат повеќе детали.

Инаку, Баножиќ во моментот на несреќата бил облечен како ловџија бидејќи претходно излегол на лов.