Цените на нафтата паднаа под 70 долари на меѓународните пазари денес, бидејќи инвеститорите беа загрижени од најавениот бран американски царини.
На лондонскиот пазар, цената на барел за испорака во ноември беше за 1,90 долари пониска од вчера и изнесуваше 69,80 долари.
На американскиот пазар, барелот денес се тргуваше по цена пониска за 1,77 долари, на 67,49 долари.
Извршната наредба на американскиот претседател Доналд Трамп предвидува царини за стоките на 69 трговски партнери во опсег од 10 до 41 процент.
Ова би ја зголемило просечната американска царина, според прогнозите на аналитичарите од „Капитал економикс“, на околу 18 проценти од минатогодишните 2,3 проценти.
Новите тарифи ќе стапат на сила на 7 август, а најавата предизвика стравувања дека ова би можело да ја „забави“ економската активност и побарувачката за енергетски производи.
Централната банка на САД предупреди дека царините би можеле да ја поттикнат инфлацијата.