Црвенкоска: Секоја информација што ќе се каже за Онкологија детално да се провери, таму постојат големи бизнис интереси
– Поранешната директорка на Клиниката за онкологија, која сега работи таму како лекар, во денешното сведочење пред Анкетната комисија во Собранието за случајот на Онкологија, кажа дека кога била назначена на позицијата директор, одреден период, состојбата што ја затекнала на клиниката ја опиша како поразителна и воедно алармираше да се внимава на пласирањето на информации за Клиниката со образложение дека таму постојат големи бизнис интереси.
-Ние меѓу себе не сме зборувале дека нешто се случувало, ете се кажа за тие различни случаи, за поткуп и вториот случај за кражбата и морам да кажам дека тие што го пријавуваа делото многу лошо поминуваа, беа испрашувани на многу тежок начин, им се закануваа дома да не пријавуваат. Сестрите после тоа рекоа дека и ако нешто видат нема никогаш да пријават и да го поминат тој пат, посочи Црвенкоска.
Таа истакна дека Клиниката секогаш била во центар на внимание од причина што, како што кажа, таму има големи интереси и многу скапи лекови.
-Јас дојдов на функцијата две недели, немаше раководител и после консултации ме избраа мене и прифатив, причината за претходните многу брзи разрешувања на раководители беше поради тоа што не можеше да се обезбеди лек, лековите се трошеа на почетокот на месецот и потоа пациентите цел месец остауваа без потребната терапија. Имаше големо расположение од тогашниот министер Имер Селмани да се реши состојбата на Онкологија и навистина и тие и јас како директор дадовме големи напори и ни обезбедија средства за компјутеризација и навистина состојбата што ја затекнав беше поразителна иако имаше толку скапа терапија немаше воопшто поврзаност на материјалното работење со сметководственото и финаниското само имаше еден компјутер незаштитен, буквално незаиштетен, односно секој кој ќе работи на него се ноѓање во болничката аптека можеше да ги менува податоците, раскажа таа.
Додаде дека подоцна биле донесени компјутери во секоја единица и се направило софтверско решение, односно поврзување на сите единици, како и елкетронски систем кој и сега се користи.
-Овој систем ги задоволува потребите обезбедувањето на лековите да биде месечно целосно испланирано, односно да се покрие целиот месец го решивме преку воведување на реферирање на скапи лекови, секој ден имаше стручни состаноци, во тоа време практично се одвои Клиничкиот центар заради огромните долгови што ги имаше и ингеренциите се спроведоа на клиниките и тие стана правни лица и нас ни ја дадоа можноста да ги направиме набавките, претходно како обична здравствена организација може да замислите колку има стручни лица тоа да го спорведат тоа, меѓутоа со ентузијазам и напори се обезбеди и ние први од сите клиники спорведовме електронска аукција, фондот ги павеше тендерите, истакна Црвенкоска.
Таа рече дека клиниката за Онкологија има реноме од времето на поранешна Југославија и ова што се случува многу емотивно тешко го поднесува.
Воедно подвлече дека дека за биолошката терапија многу помпезно се зборува, но оти таа не се дава на сите пациенти од причина што е неопходно претходно молекуларно тестирање.