ЦУК: Изминатото деноноќие 1.543 повици на бројот за итни случаи 112, најбарана полицијата

 Според последниот Извештај на Центарот за управување со кризи (ЦУК) во последното деноноќие на Единствениот број за итни случаи 112 имало вкупно 1.543 повици.

Според ЦУК, „реални“ повици за итни случаи биле 41,08 отсто, а 58,92 проценти, или како што ги кфалификуца Центарот „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните или едноставно не биле итни.

-Со примањето во ЦУК на овие „други“ повици се растоваруваат од непродуктивни за нив, службите и институциите во Системот за управување со кризи (СУК) коишто се за итно интервенирање, велат од Центарот за управување со кризи.

Од Центарот информираат дека согласно генералната природа на настаните за коишто граѓаните се јавувале кон полиција биле упатени 46,50 отсто од повиците од 112 во ЦУК, кон Итната медицинска помош 44,50 отсто, а кон пожарникарите биле упатени 5,50 проценти.

Повици за итни случаи што се за комбинирано решавање, кон Центарот за управување со кризи имало 3,50 проценти од т.н. „реални“, што, како што целат од ЦУК, секако, заедно со другите 60,50 проценти „неитни повици“, (1.006 вкупно), биле предмет на примање и обработка од дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација во ЦУК.