ЧЕЛЗИ ПОД ИСТРАГА – На клубот од западен Лондон му се закануваат драстични казни и сето тоа поради познатиот руски милијардер !?
Премиер Лигата покрена истрага против фудбалскиот клуб Челзи поради можно прекршување на финансиските правила, во периодот кога клубот беше во сопственост на рускиот олигарх и близок пријател на Владимир Путин, Роман Абрамовиќ.
Новите сопственици на Челзи, предводени од Тод Боли, го регистрираа својот клуб во Европската фудбалска унија (УЕФА) и во Премиер Лигата откако го презедоа минатото лето.
Доколку Челзи биде прогласен за виновен, санкциите би можеле да вклучат парична казна или одземање бодови, објавија англиските медиуми.
На 28. јули УЕФА го казни Челзи со 10 милиони евра поради доставување нецелосни финансиски податоци во периодот од 2012 до 2019 година, кога на чело на клубот беше рускиот милијардер.
Роман Абрамовиќ го продаде клубот минатата година, откако беше на негово кормило цели 19 години. Претходно, британската Влада воведе санкции за рускиот милијардер поради неговата поврзаност со претседателот на Русија, Владимир Путин.
Новата сезона во Премиер Лигата Челзи ќе ја отвори в недела на домашен терен против Ливерпул.