“Често плачам пред да си легнам!“ – Ким Кардашијан си ја отвори душата и проговори за мајчинството: “Родителството е тешко…“
Најпопуларната ријалити ѕвезда и старлета, Ким Кардашијан се појави во подкастот „On Purpose“ на Џеј Шети каде зборуваше за „хаосот“ што го доживува во улогата на мајка.
Ријалити ѕвездата има четири деца со нејзиниот поранешен сопруг, раперот Канје Вест: ќерките Норт (9 г.) и Чикаго (5 г.) и синовите Сент (7 г.) и Псалм (4 г.).
„Често плачам пред да си легнам. Да, секогаш има ‘торнадо’ во мојата куќа. Понекогаш се прашувам што се случило. Да се биде родител понекогаш е лудост. Највистинската работа што ја слушнав е дека деновите се долги, а годините кратки. Сепак, тоа е највредното работно место на светот“, кажала 42-годишната старлета.
„Ништо не може да те подготви. Без разлика колку долго чекате, не можете да бидете подготвени за ова. Понекогаш не ја мијам косата и ги носам истите пижами со денови, но научив многу за себе… Горда сум на себе. Најлошо беше во пандемијата, но тоа за среќа помина“, објаснила таа во подкастот.