Четирите места со најдолговечните луѓе во светот имаат нешто заедничко

Пo две децении проучување на стогодишниците и таканаречените сини зони, деловите од светот каде што живеат, Ден Бутнер научи нешто што не го очекуваше.

„Кога ќе ги погледнете податоците за среќата во светот, ќе откриете дека луѓето кои живеат покрај вода се посреќни од другите“, рече тој.

Всушност, четири од петте сини зони – Окинава во Јапонија, Сардинија во Италија, Икарија во Грција, Никоја во Костарика – се наоѓаат во близина на вода.

Иако постојат различни теории зошто е тоа така, резултатот е јасен.

„Ова може да се должи на смирувачкиот ефект на водата или можеби климата е поумерена поради водата. Но, водата дефинитивно нè прави посреќни“, додава Бутнер.

Среќата не е единствениот позитивен несакан ефект од живеењето покрај вода. Во 2017 година, беше откриено дека поминувањето време во близина на брегови, езера или реки може „да го промовира здравјето и благосостојбата и да спречи болести“.

,,Живеам во Мајами. Намерно избрав место каде што е многу лесно и примамливо да се биде физички активен во текот на целата година, без некој голем напор. Секој ден пливам во океанот и шетам на плажа”, тврди Бутнер.

Тој се стреми да биде активен секој ден, правејќи активности во кои ужива, вклучително и сурфање или вежбање со помал интензитет како што е одење.

„Не е важно дали физичката активност е интензивна. Колку помалку болка, толку е поголема веројатноста дека ќе продолжите да вежбате секој ден“, заклучил тој.