Чудни работи се случуваат во Мариупол! Морето се повлекло за повеќе од 100 метри: „Ова не е нормално“ (ВИДЕО)

Во Мариупол, Азовското Море се повлече за повеќе од сто метри, а најголемиот проблем е што никој не знае што точно се случува.

Оваа необична појава ја пријавил Петар Андрушенко, советникот на градоначалникот на Маријупол.

Според Андрушенко, слична ситуација била забележана и во рускиот град Таганрог, а причините за оваа појава засега се непознати.

Морето се повлече од брегот на рекордно растојание за стотици метри. Причините сe сè уште нејасни, но дефинитивно ненормални – напиша тој во објавата под видеото од моменталната состојба на морето во Мариупол.

По тримесечни борби во мај 2022 година во Украина, руските сили го зазедоа Мариупол, а градот беше срамнет и запален речиси до темел.

Според различни извештаи, илјадници цивили загинале во градот. Украинските власти проценуваат дека бројот на загинати е повеќе од 20.000. Сепак, реалниот број на жртви би можел да биде многу поголем.