ЧУДО ОД ДЕТЕ: Барселона го совлада Билбао на крилата на Ламин Јамал, ја “искина” мрежата (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона го победија Атлетик Билбао со 2:1 во второто коло од шпанската Ла Лига.

Овој натпревар го одбележа голот на Ламин Џамал ​​во 24. минута.

Чудото на светскиот фудбал ја прими топката по стартот и со левата нога ја затресе мрежата на гостите.

Џамал ​​по феноменалните игри на ЕП и титулата со шпанската репрезентација потврди дека е сегашноста и иднината на светскиот фудбал.

Билбао израмни од пенал, додека Роберт Левандовски и донесе победа на Барселона во 75. минута.

По овој триумф Барселона се израмни на првото место во Ла Лига заедно со Селта.