‘ЧУДО ОД ДЕТЕ!’ – Тој има само 14 години и ќе работи за најбогатиот човек на светот – генијален американски тинејџер ќе испраќа сателити во вселената за Илон Маск

Компанијата за истражување на вселената SpaceX на американскиот мулти-милијардер Илон Маск го ангажираше момчето Кајран Квази (14 г.) како софтверски инженер.

Илон Маск ја отвори компанијата во 2002 година, а Кајран Квази интервјуто за работа го опишал како „технички предизвикувачки“ и „забавно“.

Ќе се приклучам на најдобрата компанија на планетата како софтверски инженер во тимот на Starlink. Ова е една од ретките компании што не ја искористија мојата возраст како застарен доказ за зрелост и способност“, напишал Кајран Квази на својата Linktin сметка (профил).

Тој ја напишал пораката во пресрет на дипломирањето на Факултетот за инженерство на Универзитетот Санта Клара“, со што стана најмладиот човек што го постигнал тоа во 172-годишната историја на таа образовна институција, пишуваат американските медиуми.

Поради работа, тој планира да се пресели со својата мајка од Плесантон, Калифорнија во Редмонд, Вашингтон, каде што се наоѓа седиштето на SpaceX.

Мајка му знаела дека тој не е нормален 14-годишник кога на две години почнал да зборува и да комуницира со целосни реченици. Во градинка, тој им кажувал на своите врсници и наставнички вестите и интересните работи што ги слушнал на радио, пишува Los Angeles Times.

Профилот на тинејџерот Кајран Квази

Откако неговата училишна работа во трето одделение не била доволно предизвикувачка, неговите родители, по консултации со експерти, го запишале на Државниот колеџ во Калифорнија на само девет години.

Нивото на учење таму совршено ми одговараше“, изјавил тој за LA Times.

Истата година според спроведените тестови за интелигенција бил рангиран на самиот врв на населението, пишува магазинот BrainGain.

Момчето почнало да стажира на проект за вештачка интелигенција во лабораториите на Intel неколку месеци подоцна, а на 11-годишна возраст се префрли на УниверзитетотСанта Клара“ за да студира компјутерски науки и инженерство.

Минатата година, тој поминал четири месеци како практикант на проект за машинско учење во компанијата за сајбер разузнавање Blackbird.AI. Тој им помогнал да дизајнираат софтвер за откривање статистички аномалии, кој ги наоѓа и означува содржините на социјалните мрежи што се тајно манипулирани.