Светски познатата пејачка Шакира денес слави роденден! Но, и нејзиниот поранешен партнер, Жерар Пике, слави роденден на истиот ден. Веќе неколку дена се шушка дека одмаздничкиот подарок е готов.
Како што пренесуваат светските медиуми, Шакира подготвува уште една одмазда на популарниот фудбалер. Овој пат таа беше инспирирана од пејачката Мајли Сајрус, која 33-от роденден на поранешниот сопруг Лијам Хемсворт го зачини со новата песна „Flowers“.
Шакира соработувала со колумбиската ѕвезда Карол Џи на новата песна која ќе му биде роденденски подарок на Пике. Спотот го снимиле за само два дена, а работеле по 15 часа дневно за се да биде подготвено на време, тврди новинарот во подкастот „Mammarazzis“.
Останува да видиме каков текст подготви популарната пејачка.
Медиумите пишуваа за тоа дека Пике ја изневерил Шакира, а фудбалерот наводно го прекршил договорот со пејачката. Имено, наводниот договор меѓу поранешната двојка бил тие да не се појавуваат во јавност со новите партнери една година по раскинувањето, што го прекина Пике, со оглед на тоа што бил виден со својата нова девојка Клара Чиа Марти.