Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска зборуваше за недостигот на книги. Повторно изјави дека до крајот на септември сите ученици ќе бидат снабдени со учебници.
„Економскиот оператор секојдневно испраќа книги. Вчера беа донесени последните одлуки од Националната комисија, беа одобрени книгите за албански јазик, за математика, општествени науки и сега продолжуваат процедурите… зборуваме за 6-то одделение, но ако се завршени и има нема жалбени постапки, веднаш тие книги ќе продолжат со техничко-графичко уредување но и со печатење“.
„Следната недела ќе имаме детални податоци затоа што во многу ситуации каде што сега се разговара за гимназиски и стручни училишта итн… ќе имаме точни податоци, колку се побарани од училиштата и колку се поднесени и колку се оставени до крајот на септември, за кои кажавме дека ќе се предадат“, рече меѓу другото Шаќири.