Шерон Стоун во долна облека ја пресоздаде легендарната сцена од „Сурови страсти“

Шерон Стоун ја пресоздаде својата легендарна сцена од филмот „Сурови страсти“ облечена во долна облека и на тој начин го привлече вниманието на многу корисници на социјалните мрежи.

Таа ја глумеше Кетрин Трамел во споменатиот филм, која го одвлече вниманието на полицијата за време на испрашувањето со ширење и прекрстување на нејзините нозе. Оваа сцена стана една од најнезаборавните во историјата на кинематографијата.

Актерката доби многу пофалби во коментарите бидејќи позираше во ова издание на 66 години и докажа дека годините навистина се само бројка.

“Сакаме да го гледаме ова почесто – зрели жени кои се смели”, “Изгледаш толку секси”, “Тие чевли! Тие нозе! Прекрасни сте од глава до пети”, се некои од нив.

Фотографијата досега собра речиси 200.000 лајкови на Инстаграм.

Во нејзините мемоари, „Убавината на живеењето двапати“, Шерон детално го опиша гневот што го чувствувала кон режисерот Пол Верховен.

Таа му удрила шлаканица и го напуштила сетот откако сфатила дека оваа сцена е вклучена во филмот иако тој претходно ја уверил дека тоа нема да се случи. Верховен ги негираше нејзините тврдења и изјави дека знаела за деталите од сцената.

„Секоја актерка знае што ќе се случи ако ја замолите да ја соблече долната облека и да ја вклучи камерата“, додаде тој.