Шестчлено семејство поради труење завршило во болница во Австрија: Јаделе палачинки, се сомневаат дека со ова ги мачкале

Шестчлено семејство од Обертрум во Салцбург во понеделникот вечерта било пренесено во болница со симптоми на тешко труење . Иако најпрвин се посомневаше дека семејството е отруено поради истекување плин, полициската истрага сега е насочена кон палачинките со зелен намаз и се смета дека палачинките се виновни што семејството завршило во болница.

Сè започнало во понеделникот по вечерата, кога семејството во паника повикало помош бидејќи на сите одеднаш им се слошило. Кај тригодишното дете, како и кај дедото (72) се појавиле симптоми на труење. На местото на настанот веднаш биле испратени екипи на итната помош и хеликоптер, кои ги префрлиле членовите на семејството во две болници во Салцбург.

Како што пишува Кроне, на почетокот не било јасно што го отруло семејството, особено што симптомите се појавиле многу брзо.

Полицијата прво се посомневала дека има истекување на плин, но истата вечер било потврдено дека се е во ред со инсталациите. Во вторникот ја провериле и состојбата на оџакот и шпоретот, но тоа брзо го отпишале како можна причина за труење.

Палачинките предизвикале сомнеж

При претресот на станот полицијата видела и палачинки.

Имено, тие пронашле палачинки на кои била намачкана некоја зелена смеса. Се проверува дали е намаз од див крин или див кромид.

Веднаш се земени мостри и испратени на детална анализа.

Кроне пишува дека лекарите ја отфрлиле можноста семејството да има салмонела.