– Во станбена зграда во Ханој, главниот град на Виетнам, избувна пожар, а властите веруваат дека има голем број настрадани во несреќата. Засега е потврдено дена во пожарот животот го загубиле шест лицa.
Пожарот избувна во вторникот вечер во деветкатница во Ханој и ја зафати целата зграда, објави „Виетнам њуз“.
Досега се спасени најмалку 70 лица, од кои 54 се префрлени во болница. Пронајдени се 6 безживотни тела, а се стравува дека бројката на загинати може да биде поголема.
Властите соопштија дека во зградата имало околу 150 лица, а спасувачките екипи продолжуваат да трагаат по преживеаните.